Хоспитализирани над 600 пациенти со ковид-19

Речиси 19 илјади активни случаи на заболени со ковид -19 се евидентирани во земјава, од кои најголемиот број се во Скопје 9 614. Здравствените власти апелираат луѓето да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките за заштита.

Според последните вчерашни податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти.

Пациенти со ковид-19 се примаат и во ковид-центрите на клиниките за кожни болести и за неврологија, каде се уште има слободни кревети за пациентите на кои им е потребна хоспитализација.

Нови 1 837 заразени и 24 починати од ковид-19

Според податоците од инфективните одделенија и ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти во државава од кои 199 во Скопје.