Нови 1 837 заразени и 24 починати од ковид-19

Во изминативе 24 часа се евидентирани 1 837 случаи на заразени со ковид-19 од направени 6.647 тестови. Во последното деноноќие починале вкупно 24 пациенти од последици од коронавирусот. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема пријавени починати лица. Од вкупниот број на починати лица, девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Министерство за здравство евидентираше 85 оздравени пациенти.
Само во Скопје се евидентирани 890 новозаразени, додека во Битола – 104 а во Кавадарци – 95. Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.

26 починати и 1.908 нови случаи на КОВИД-19

Најголем број на активни случаи се забележани во Скопхе, вкупно 9 614 случаи. Втора на листата по активни случаи е Битола со активни 1 368 а потоа во Куманово се евидентирани активни 836 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а на активни случаи изнесува 18.909.