Македонската ракометна репрезентација ќе игра против селекциите на Романија и Чешка во квалификациските натпревари за Светското првенство кое ќе се одржи следната година во Шведска и Полска. Последните трите порази како и лошиот пласман на Европското првенство на 22 то место од вкупно 24 земји, ги стави македонските ракометари во позиција да се борат за квалификација на Светското првенство.
Данска го одбрани светското злато во ракомет
Денешната ждрепка на европските бараж натпревари на избранците на селекторот и капитен Кирил Лазаров им ја додели Романија и првиот натпревар е предвидено да се игра на 14 март во Скопје, а реваншот ќе се игра шест дена подоцна.
Доколку ја победат Романија, ракометарите во вториот бараж двомеч кој ќе го даде патникот на Светското првенство ќе играат против Чешка. Натпреварите треба да се играат на 11. и на 17. април.