Пожар во две куќи во Тетово, повредено едно лице

Две куќи во Тетово беа зафатени од пожар. 28.01.2022.

Две куќи во Тетово вечерва беа зафатени од пожар во населбата Култок, по што со повреди се здобил сопственикот на едната куќа каде избувнал пожарот, соопшти СВР Тетово.

Според информациите, пожарникарите го ставиле пожарот под контрола за околу еден час. Пожарот бил прјавен, откако била зафатена едната куќа и се проширил кон соседната каде не живеел никој, а 50-годишниот сопственик И.С. се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово, информираат од тетовската полиција.

Огнот бил силен и создал висок пламен поради што жителите на населбата се исплашиле од проширување на огнот, бидјеќи многу куќи во неа се споени една до друга на ридест дел.

Очевидци велат дека откако виделе пламен, се обиделе да помогнат да донесат црева и вода од цистерни.

Пожарникари дојдоа на време, благодарност до нив, да задоцнеа за пет минути, ќе изгореше уште некоја куќа. Експлозија немаше, но пукаа кабли од струја. Цело маало Колтук и Два бреста и Горна Чаршија немаат струја, изјави жителот на населбата Ивица Ѓорѓески.

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила за гаснење на пожарот.