Северна Кореjа изведе шести тест на балистичка ракета за еден месец

Ракета која според севернокорејските државните медиуми, била лансирана од воз на неоткриена локација во Северна Кореја

Северна Кореjа денеска истрелала две балистички ракети во морето, што е шестта ракетна проба во овој месец. Јужнокорејската војска соопшти дека балистичките ракети со краток дострел прелетале 190 километри и достигнале височина од 20 километри пред да паднат во Јапонското Море, познато и како Источно Море. Повеќекратните резолуции на ОН и забрануваат на Северна Кореjа која има нуклеарно оружје да тестира балистички ракети.

Северна Кореја повторно лансира балистички проектили во морето

Северна Кореја во последниве месеци спроведува тестови на нови ракети, во, како што велат некои експерти, обид да се здобие со потпора врз какви било идни преговори со Соединетите држави и Јужна Кореа. Во 2021 година, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета лансирана од подморница, крстаречка ракета со долг дострел, оружје лансирано од воз и, како што ја опиша, хиперсонична боева глава. Преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг за нуклеарни и ракетни прашања заглавија по пропаѓањето на разговорите меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година.