Бугарското собрание на вонредна седница поради тензиите околу Украина

Народното собрание на Бугарија

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев за денеска закажа вонредна седница. Нна дневен ред ќе бидат излагања на премиерот на Бугарија Кирил Петков, министерот за одбрана Стефан Јанев, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и шефовите на бугарските специјални служби. Повод за заседанието е руско-украинскиот конфликт и тензиите меѓу НАТО и Русија и улогата на Бугарија во процесот на одлучување на НАТО, како и распоредувањето на вооружените сили на сојузниците на територијата на Република Бугарија. Барањето за вонредната седница поднесоа 59 пратеници од коалицијата ГЕРБ-УДФ.

Седница на бугарскиот Советот за безбедност заради тензиите околу Украина


Вчера бугарскиот премиер заседаваше со Советот за безбедност на бугарската Влада, а денеска ќе се одржи владин состанок на кој ќе се разговара за тензиите околу плановите на Украина и на сојузниците во НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата.