Бајден: САД и европските сојузници се „целосно“ согласни за пристап кон украинската криза

Американскиот претседател Џо Бајден одржува состанок со неговиот тим за национална безбедност за руско-украинската криза, во Кемп Дејвид, во Мериленд, САД, 22 јануари 2022 година

Соединетите држави и нивните европски сојузници се во целосна согласност за справување со руската воена закана на границите на Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден по разговорот со европските сојузници. „Имав многу, многу, многу добар состанок -- целосно едногласност со сите европски лидери“, им рече Бајден на новинарите по видео конференцијата. Сличен коментар даде и британскиот премиер Борис Џонсон по средбата со лидерите на САД, Италија, Полска, Франција, Германија, Европскиот совет, Европската комисија и НАТО.

Во Украина стигна воена помош од Соединетите Држави

„Лидерите се согласија дека, доколку се случи натамошен руски упад во Украина, сојузниците мора да донесат брзи одмазднички одговори, вклучително и невиден пакет санкции“, се вели во соопштението на Даунинг стрит. Сојузниците на НАТО претходно рекоа дека ги ставаат своите сили на подготвеност и го зајакнуваат своето присуство во Источна Европа поради загриженоста за руското воено засилување. НАТО вчера соопшти дека Данска, Шпанија, Франција и Холандија планираат или размислуваат да испратат војници, авиони или бродови во Источна Европа. Соединетите Држави соопштија дека ставаат 8.500 војници за да бидат подготвени да се распоредат во Европа, потенцијално за кратко време, доколку е потребно за да се уверат сојузниците на НАТО.

Дали Европа ќе ја види најголемата воена офанзива од Втората светска војна?

Најавите доаѓаат во време на разузнавачки извештаи дека Русија поставила повеќе од 125.000 војници во близина на границата со Украина, што предизвикува зголемена загриженост поради неизбежен упад. „НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, вклучително и со зајакнување на источниот дел на алијансата“, се вели во соопштението на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.