Транспаренси Интернешнал со нов Индекс на перцепција на корупцијата

новиот Индекс на перцепција на корупцијата покажува дека нивоата на корупција остануваат во мирување ширум светот

Транспаренси Интернешнал во најновиот Индекс на корупцијата во светот објавен денеска наведува дека Северна Македонија има индекс 39, заедно со Косово, и е во долната половина од табелата од 180 земји во светот. Во минатогодишниот Индекс Северна Македонија беше рангирана на 111-то место со 35 бодови. Во регионот полошо од Северна Макдонија се Србија со 38 и Босна и Херцеговина со индекс 35. Подобро во оваа сфера стојат Црна Гора која има индекс 46 по што следат Романија и Бугарија со индекси 45, односно 42. Инаку, новиот Индекс на перцепција на корупцијата покажува дека нивоата на корупција остануваат во мирување ширум светот, при што 86 насто од земјите постигнале мал или никаков напредок во последните 10 години.

ХРВ: Популистичките автократи се соочуваат со пресвртница

Транспаренси интернешнал открива дека земјите кои ги прекршуваат граѓанските слободи постојано постигнуваат пониски резултати. Самозадоволството во борбата против корупцијата ги влошува прекршувањата на човековите права и ја поткопува демократијата, предизвикувајќи маѓепсана спирала. Како што овие права и слободи еродираат и демократијата опаѓа, авторитаризмот го зазема своето место, придонесувајќи за уште повисоки нивоа на корупција.