САД им наредија на семејствата на персоналот на амбасадата во Киев да ја напуштат Украина

Американската амбасада во Киев, Украина

Соединетите држави наредија заминување на семејствата на вработените во нивната амбасада во Киев и порачаа дека сите американски граѓани треба да размислат за напуштање на Украина поради заканата од воена акција од Русија. Наредбите се издадени „поради континуираната закана од руска воена акција“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Американската влада „нема да биде во позиција да ги евакуира“ американските граѓани во Украина, така што тие треба „соодветно да планираат“ со разгледување на употребата на комерцијални опции за напуштање, изјави висок функционер на Стејт департментот, наведувајќи дека станува збор за мерки на претпазливост кои во никој случај не ја поткопуваат американската поддршка или посветеност на Украина.

Во Украина стигна воена помош од Соединетите Држави

Повеќе дипломатија за намалување на тензиите со Украина

Официјалниот претставник одби да даде проценка за тоа колку Американци живеат во Украина, но нагласи дека Амбасадата на САД „ќе продолжи да работи на непрекинато за поддршка на Украина во овој критичен момент“. Безбедносните услови, особено долж границите на Украина и во Крим окупиран од Русија и во источна Украина контролирана од Русија, „се непредвидливи и може да се влошат“, се вели во соопштението на Стејт департментот.