Укината забраната за камиони на Деве Баир

Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир, соопштија од АМСМ.

Забраната што беше воведена поради обилните врнежи од снег е укината во 10.30 часот.

Во сила се забраните за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патот R1202 Дебар – Маврово.

Македонија од утрово е под снег. Општините велат дека зимските служби се на терен и ги расчистуваат булеварите и улиците. Повремен снег се очекува и за време на викендот.