Најмалку двајца загинати при експлозија на пазар во Пакистан

Пакистан- полициски единици на местото во експлозијата на пазар во Лахоре, 20 јануари 2022 година.

Пакистанските власти соопштија дека во експлозија на бомба на преполн пазар во вториот по големина град Лахоре загинале најмалку две лица, а повеќе од 20 се повредени. Првичните истраги покажаа дека експлозијата, која се случила денеска, била предизвикана од контролирана направа наместена на мотоцикл, рече портпаролот на полицијата Ариф Рана, додавајќи дека меѓу загинатите има и деветгодишно момче. Полицискиот претставник Абид Кан изјави дека некои од повредените се во критична состојба. Според очевидци, експлозијата оштетила неколку продавници.

Новоформираната сепаратистичка група со седиште во југозападна провинција Белучистан, каде што често има немири, ја презеде одговорноста преку порака испратена до новинар на Ројтерс во која се вели дека банката била цел на нападот.

Балучистан е област богата со ресурси, која се граничи со Авганистан и Иран. Регионот е погоден од секташко насилство, напади од исламистички милитанти и сепаратистички бунт што доведе до илјадници жртви во 2004 година.
Експлозијата во Лахоре се случи неколку дена откако вооружените напаѓачи отворија оган врз полициски контролен пункт во пакистанската престолнина Исламабад, при што дојде до престрелка во која загина еден офицер и двајцата напаѓачи. Во нападот, за кој одговорноста ја презедоа милитантите од забранета група позната како пакистански талибани, беа ранети и двајца полицајци.