Курти: воведување блок тарифи во снабдувањето со електрична енергија

Косовскиот премиер Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Владата на Косово го поддржува воведувањето блок тарифи во снабдувањето со електрична енергија на граѓаните на Косово и дека наследената криза во снабдувањето со електрична енергија ќе продолжи и по ова зима. Курти додаде дека поскапувањето на струјата нема да важи за потрошувачите кои трошат до 600 киловати месечно и за косовските компании.

Косовската борба против копачите на криптовалути поради енергетската криза

„Министерството за економија пројави интерес за субвенционирање на струја до 75 милиони евра, со цел да нема зголемување на тарифите за потрошувачите од домаќинствата кои трошат до 600 киловати и за деловните корисници“, рече тој, оценувајќи: „Постојат два главни фактора кои ја предизвикаа оваа криза. Еден е што Косово обезбедува дел од својата енергија од увоз. Друг фактор е фактот што Косово е оставено во раце на трговците со енергија“, рече косовскиот премиер. Според предлогот изнесен во јавноста, поскапување на струјата за девет отсто се очекува за потрошувачите кои трошат повеќе од 600 киловати.