Мицкоски по средбата со Петков-Наместо блокади, потребни се мостови

Средба на бугарскиот премиер Кирил Петков со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Актуелните состојби врзани за односите меѓу двете земји била темата на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во седиштето на партијата во Скопје. Во кусото соопштение од партијата е посочено дека Мицкоски се задржал на „истите позиции кои се и претходно јавно познати“.

Оптимисти, но без одговор на клучните прашања

„Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување, посочи Мицкоски, се вели во соопштението.

Ахмети: Ништо лошо нема да биде ако го вметнеме бугарското малцинство во Уставот

Во него е наведено дека на средбата била посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји.