Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Дневната температура ќе биде од 0 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 6 степени.