Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Држави и специјален претставник на САД за Западен Балкан, изјави дека американските санкции против српскиот член на Претсеателството на БИХ Милорад Додик и други корумпирани функционери во регионот веќе вродуваат со плод.
„Би рекол дека тие беа важна алатка за стабилизирање на регионот и можам да ви кажам дека имаат ефект“, рече Ескобар во интервју за Гласот на Америка.
На 5 јануари, Министерството за финансии на САД го вклучи Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ и водач на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), на списокот со санкции за корупција и напори за неуставно пренесување на надлежностите од БиХ на Република Српска ( РС).
Санкции се изречени и на Алтернатива телевизија, медиумска куќа од Бања Лука поради, како што се наведува, поврзаност со Милорад Додик.
Поранешниот претседател на Високиот судски и обвинителски совет (ВССК) на БиХ и денешен правен советник на Додик, Милан Тегелтија, како и Мирсад Кукиќ, пратеник на Движењето за демократска акција (ПДА) во Парламентарното собрание на БиХ, билеисто така под санкции од истиот ден.
Претходно, на почетокот на декември 2021 година, потпретседателот на водечката српска партија во Косово, Милан Радоичиќ, бизнисмен од северот на Косово, Звонко Веселиновиќ, неговиот брат Жарко и десет други лица поврзани со нив беа ставени на американскиот црн список на санкции.
Ескобар истакнува дека во моментов не може да зборува за ефектите од санкциите, конкретно во случајот на Додик.
„Можам да ви кажам дека санкциите ги спречуваат луѓето да префрлаат пари. Спречуваат и доведуваат до затворање на офшор компании преку кои се префрлаат пари, особено јавни средства, преку нетранспарентни процеси од кои корист имаат многу малку луѓе. Значи, овие санкции навистина се однесуваат на корупцијата и така треба да се гледа. Нашата цел е да престанеме да финансираме корумпирани поединци и ентитети“, вели Ескобар во интервјуто.