Сараево прв на листата градови со најзагаден воздух, Скопје на осмата позиција

На врвот на листата за град со најзагаен воздух денеска се искачи Сараево, покажуваат податоците од специјализираната веб-страница IQAir денеска наутро. Главниот град на БиХ во седум часот наутро имаше индекс на загаденост (AQI) од 287, далеку пред пакистанскиот Лахоре (224), индиски Делхи (216), кинески Вухан (196) и индиска Калкута (174).

Аерозагадувањето се чувствува само во опозиција

Меѓу 10-те најголеми или главни градови со најлош квалитет на воздухот во светот, се наоѓаат уште 4 града од Балканот. Хрватскиот главен град Загреб е шести (173), Белград е веднаш зад него (170).Скопје е на осмото место на оваа листа со индекс од 164, веднаш по Приштина чии индекс изнесува 165, додека бугарскиот главен град Софија е деветти со AQI индекс од 164.

Според показателите на IQAir, квалитетот на воздухот во Сараево е „многу нездрав“ денека наутро, а се додава дека концентрацијата на ПМ2,5 честичките во моментов е „47,4 пати повисока од препорачаните вредности на Светската здравствена организација на годишно ниво“.