Вулканска ерупција во Тонга, предупредување за цунами

ТОНГА - Оваа слика направена на 21 декември 2021 година покажува бели гасовити облаци кои се издигнуваат од ерупцијата Хунга Хапаи, видени од крајбрежјето Патангата во близина на главниот град на Тонга Нукуалофа.

Предупредувањата за цунами се издадени за неколку земји, вклучително Тонга, Фиџи и Нов Зеланд по големата подводна вулканска ерупција во Пацификот.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од Тонга каде брановите погодија една црква и неколку куќи. Очевидци велат дека пепел паѓа врз главниот град Нукуалофу. Се повикуваат жителите веднаш да одат на повисоките места.

Ова е најновата во серијата ерупции на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи. Траеше осум минути и се слушна како силна бура со грмотевици на Фиџи, оддалечен повеќе од 800 километри, соопштија властите во главниот град Сува.

Облаци од гас, чад и пепел беа исфрлени на висина од 20 километри, соопшти Геолошкиот институт на Тонга.