Со пораз започна учеството на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство кое годинава се одржува во Унгарија и во Словачка. Со два гола разлика, односно 27:25 Словенија ја победи Македонија на натпреварот во унгарскиот град Дебрецин.
Пред натпреварот Ракометната федерација соопшти дека најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да настапи на Европското поради повреда. Ова требаше да му биде последно првенство како репрезентативец, тој сега останува само во улогата на селектор.
По два дена треба да се одржи вториот натпревар на кој Македонија ќе игра со Црна Гора.