Србија „урива“ рекорди со новозаразени од ковид-19

Луѓе чекаат пред амбуланта во Белград, 12 јануари, 2021

Само во изминативе 24 часа во Србија се евидентирани 13.753 новозаразени со ковид-19 од вкипно 33.163 направени тестови за коронавирус. Ова е најголем број на новозаразени на дневна основа досега од почетокот на пандемијата.

Според податоците од српското Министерство за здравство во вторникот за првпат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, а вчера беа регистрирани 12.877 лица, а денешниот рекорд изнесува 13.753 новозаболени граѓани.

Како последица на заразата во изминатите 24 часа починале 19 лица, со што Србија ја надмина бројката од 13.000 починати од Ковид-19 или вкупно досега се починати 13.003 лица.

Во српските болници од ковид -19 се лекуваат 2.340 пациенти, а 96 се на респиратор.

Локалните медиуми јавуваат дека редиците пред ковид амбулантите не се намалуваат и бројот на нови пациенти се повеќе расте.

Поради се потешката епидемиска состојба, откажана е прославата на Стара Нова година (Василица) на плоштадите во Белград, Ниш, Чачак и Лесковац, а за утре е закажана седница на Кризниот штаб.