Ѓоковиќ против Кецмановиќ во првото коло на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ

Бранителот на титулата на Австралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, во првото коло на тој турнир ќе игра против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ, беше решено денеска со ждрепка во Мелбурн. Ждрепката претходно беше одложена додека се чекаше одлуката дали на првиот тенисер на светот ќе му биде укината визата, а австралиските медиуми објавија дека Ѓоковиќ може да биде депортиран. Премиерот Скот Морисон на денешната прес-конференција зборуваше за мерките на Австралија против корона вирусот, а потоа накратко рече дека одлуката за Ѓоковиќ ќе ја донесе министерот за имиграциска политика, Алекс Хок. В понеделник во Мелбурн започнува првиот Грен слем турнир во сезоната. Ѓоковиќ игра за рекордна 10 титула во Мелбурн и рекордна 21 Грен слем титула.

Ѓоковиќ призна дека направил грешки

Ѓоковиќ пристигна во Австралија кон средината на минатата недела, откако доби медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус, но визата му беше укината веднаш по неговото пристигнување во Мелбурн.

Судски гејм, сет, меч за Ѓоковиќ

Оттогаш тој беше во хотел кој служи како прифатен центар за имигранти, а веднаш по одбивањето на визата, неговиот правен тим поднел жалба на одлуката. Во понеделникот Федералниот суд донесе пресуда со која ја поништи одлуката на владата на Австралија да ја одбие визата, а Ѓоковиќ оттогаш слободно се движи во Австралија и продолжи да се подготвува за турнирот.