Во Организацијата за безбедност и соработка во Европа Виена денеска продолжуваат разговорите со Русија кои започнаа во понеделникот во Женева меѓу Москва и Вашингтон и вчера во Брисел во рамките на Советот НАТО-Русија. До овие разговори доаѓа во еден од најтешките моменти во односите Исток-Запад од Студената војна.
Столтенберг: Русија нема право да стави вето за прием на нови членки на НАТО
Колку Русија е посветена на дипломатијата?
Русија ги негира тврдењата на западните сојузници дека планира да ја нападне Украина, но вели дека ѝ се потребни низа гаранции за сопствената безбедност, вклучително и запирање на понатамошното проширување на НАТО и повлекување на силите на Алијансата од земјите од централна и источна Европа кои ѝ се приклучија по 1997 година. На состанокот во Виена ќе претседава полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, а главна точка е загриженоста за безбедноста во Европа.