Во изминатото деноноќие се регистрирани 1.822 нови случаи на коронавирус, а три лица починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, во Регистарот од Мој термин пријавени се уште 4 починати лица, сите во домашни услови.
Направени се 7.123 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 918, Битола 189, Прилеп 98, Куманово 65, Кавадарци 55, Охрид 49...
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции.
Од друга страна, регистрирани сe 668 оздравени пациенти, со што гројот на активни случаи во моментов е 13.478.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројката на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062.
Висок рекорден број на инфекции бележат многу земји во Европа, во услови на брзо ширење на многу преносливиот сој Омикрон.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на нов голем бран на ширење на инфекциите „од запад кон исток“ на Европа.