Состанок на Советот НАТО-Русија

знамиња на Русија и на НАТО

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Русија кој долго време беше суспендиран. До ова доаѓа по разговорите меѓу Русија и САД во Женева во понеделникот. Двете страни изразија малку оптимизам во врска со руските барања за безбедносни гаранции од НАТО, односно дека Алијансата нема повеќе да се шири кон исток. САД и западните сојузници имаат забелешки на распоредувањето големи руски сили на границата со Украина како подготовка за можна интервенција на Москва во Украина.

САД-Русија ги завршија „тешките“ осумчасовни разговори во Женева за Украина

Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман вчера ги информираше земјите од НАТО за разговорите што ги имаше со руската делегација за Украина во понеделникот, потврдувајќи ја подготвеноста на Вашингтон да дејствува „во блиска соработка“ со своите сојузници. Шерман во седиштето на Алијансата во Брисел се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и со амбасадорите на земјите од НАТО, ден по разговорите во Женева со заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков. Се проценува дека средбата во Женева завршила без приближување на позициите на САД и Русија.

Столтенберг ја предупредува Русија дека скапо ќе плати ако ја нападне Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков рече дека ситуацијата ќе биде појасна по најавените две дополнителни рунди разговори што Русија ќе ги одржи оваа недела – денеска со НАТО во Брисел и утре со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена. Во меѓувреме, денеска исто така во Брисел стартува дводневен состанок на Воениот комитет на НАТО со началниците на Генералштабот на Алијансата. Во исто време во Брест, Франција денеска започнува дводневен неформален состанок на министрите за одбрана на Европската унија.