Соединетите Американски Држави ќе донираат дополнителни 308 милиони долари хуманитарна помош за Авганистан, објави Белата куќа на 11 јануари, со што вкупната американска помош за земјата погодена од војна изнесува речиси 782 милиони долари.
Најавата доаѓа по денешниот апел на Обединетите нации за помош од 5 милијарди долари за Авганистан оваа година за да се спречи хуманитарна катастрофа.
Дополнителната помош од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ќе биде дистрибуирана преку независни хуманитарни организации и со неа ќе се обезбеди засолниште, здравствена заштита, итна помош во храна, вода, санитарни и хигиенски услуги, рече портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн. Таа додаде дека Вашингтон ќе донира и еден милион дополнителни дози вакцина против коронавирус во Авганистан, со што вкупниот број ќе достигне 4,3 милиони дози.
„САД се посветени на поддршката на авганистанскиот народ и продолжува да ги разгледува сите опции кои ни се достапни. Ние сме со народот на Авганистан“, рече Хорн.
Авганистанската економија е во слободен пад откако талибанците ја презедоа власта во август, а откако ја соборија поранешната влада поддржана од Западот што следуваше по повлекувањето на силите предводени од САД од земјата по 20-годишното присуство.