Повторно се запалија бараките кај Градскиот парк

Илустрација, архивска фотографија

Пожар повторно ги зафати бараките каде порано се наоѓаше судот за прекршоци во Градскиот парк улицата Наум Наумовски Борче во Скопје. Пожарот избил вечерва,шест екипи на противпожарната единица се на терен и работат на ставање под контрола на пожарот. Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки.

Изгаснат пожарот во бараките кај градски парк

Претходно судски бараки се запалија на 26 октомври. Тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.