Белорускиот суд осуди маж на две години затвор за навреда на убиен припадник на КГБ

Илустрација

Белоруските власти соопштија дека маж во источниот град Махилју е осуден на двегодишна затворска казна за неговите коментари на интернет во кои навредувал припадник на руската КГБ кој беше убиен во полициска престрелка во стан во Минск.

Деталите остануваат нејасни околу пукањето кое настана на 28 септември што резултираше со смрт на Андреј Зелцар, човек кој работеше за голема американска ИТ компанија наречена ЕПАМ и припадник на руската КГБ, Дмитри Федасјук.

Обвинителството соопшти дека 45-годишниот обвинет се изјаснил за виновен по обвинението за навреда на службеникот. Не беше јасно што точно напишал обвинетиот, чие име не беше објавено, освен што го бранеше Зелцар и го критикуваше тимот на КГБ вклучен во престрелката.

Властите тогаш тврдеа дека „особено опасен криминалец“ отворил оган врз безбедносните службеници откако тие се појавиле во неговиот стан барајќи „поединци вклучени во терористички активности“.

Русин во Белорусија осуден на 11 години затвор поради повик за протест

Белорускиот авторитарен владетел Алекасандар Лукашенко остро ги критикуваше луѓето кои објавија коментари на социјалните мрежи во кои го фалат Зелцар и го критикуваат Федасјук, велејќи дека „ги имаме сите нивни сметки и можеме да видиме кој е кој“.

Лукашенко со уставни измени си обезбедува имунитет

Белорусија беше сведок на задушување на масовните антивладини протести кои избувнаа по претседателските избори во август 2020 година, на кои Лукашенко беше доби шестти мандат. Опозицијата во земјата и западните земји тврдат дека изборите биле наместени и не го призаа Лукашенко за победник. Илјадници луѓе беа приведени по протестите и голем дел од опозициските лидери стравувајќи за својата безбедност ја напуштија земјата.