Во Србија казнети 12 полицајци за навреда на граѓани од друга вера и националност

Граничниот премин кај Прибој.

Министерството за внатрешни работи на Србија санкционираше 12 припадници на Управата на граничната полиција во Прибој, затоа што не се однесувале во согласност во својата служба и навредувале граѓани од друга вероисповед и националност.

Од Министерството денеска соопштија дека работната група формирана да го истражи инцидентот констатирала дека Управата на граничната полиција во Прибој направија пропусти во својата работа.

Во Прибој, град кој се наоѓа во југозападна Србија, живеат српско и бошначко население. На почетокот на јануари беше објавена видео снимка на која се гледа како припадници на граничната полиција пеат песна во која го воспеваат геноцидот во Сребреница и злосторствата во Вуковар. А потоа локалните медиуми објавија дека двајца полицајци во комуникација на социјалните мрежи се заканувале на муслиманското население во Прибој.

Министерството случајот го проследува на понатамошно разгледување на Обвинителството.

Работната група формирана да го истражи случајот наведува дека полициските службеници во својата секојдневна работа, но и надвор од службата треба да бидат општествено одговорни, да ги почитуваат верските и националните чувства и да постапуваат во согласност со законот и да го почитуваат Кодексот на полициска етика.