Нови 1396 случаи на ковид, починати 6 лица

Илустрација

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на Ковид-19. Оздравени се 348 пациенти, а починати се 6 лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 - 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.