ЕСМ-Енергетика: Испораката на топлинска енергија е континуирана

Парно греење. Илустрација.

Од АД ЕСМ, подружица „Енергетика” соопштија дека вршат непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија, како што се наведува, е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

„Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден“, информира АД Електрани на Северна Македонија.

Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

РКЕ: Потрошувачите може да поднесат приговор за парното

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија може да поднесат приговор до нив.