Во Кипар откриен нов сој, комбинација од Делта и Омикрон?

Илустрација

Кипарски медиуми јавија дека кај 25 позитивни случаи бил откриен нов сој Делтакрон, кој е комбинација од Омикрон и Делта. Новиот сој го открил тимот на професорот на Катедрата за биолошки науки на Универзитетот во Кипар, Леондиос Кострикис, а професорот објаснил дека Делтакрон бил потврден кај 25 заразени, од кои 11 се хоспитализирани. Министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас изјави дека во овој момент, Делтакрон не е нешто што предизвикува загриженост.

Вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 ширум светот вчера надмина 300 милиони, според извештајот на Универзитетот Џон Хопкинс. Високо заразната варијанта на омикрон доведе до рекордни инфекции во десетици земји, иако се верува дека сојот предизвикува помалку тешки болести и помалку смртни случаи од претходните видови, особено за вакцинираните лица.