Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Утрово, според Управата за Хидрометеоролошки работи измерени се -2 степени на Попова Шапка, -1 во Маврови Анови, Лазарополе, Берово, нула во 0 Крушево, 2 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Виница, Штип, Битола, Прилеп, три Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, четири во Струмица, Демир Капија, пет во Гевгелија и шест степени во Дојран. Снежната покривка утрово во 7 часот била 23 сантиметри на Попова Шапка.