Повеќе од 9000 новоразени со ковид во Србија, 19 починати

Редици пред ковид амбулантна во Белград откако бројот на новозаразени со ковид почна да расте, 5.1.2022

Во Србија во изминатите 24 часа од последиците на корона вирусот починале 19 лица, а регистрирани се 9 122 нови случаи на заразени, соопшти српското Министерство за здравство.

Тестирани се 27.290 лица, а бројката на новозаразени е за 1 634 повисока од вчерашната. Според денешните податоци хоспитализирани се вкупно 2 199 пациенти, а од нив 79 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Србија официјално се потврдени 1 327 455 случаи на зараза, а официјалната бројка на починати е 12 850. Стапката на смртност е 0,97 отсто.