Регистриран првиот заболен од ковид-19 и грип, инфекција позната како флурон

Детектиран е првиот случај на флурон тоа е комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот. Оваа комбинација е детектирана кај 26 годишен пациент од општина Зајас во приватната лабараторија Синлаб, соопшти Министерството за здравство.

Растот на заболени со ковид-19 последица на неодговорно однесување

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција ковид-19 и инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД во Македонија. Тој изјавил дека во САД примил вакцина против ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Македонија. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.