Трајанов бара поништување на измените на Изборниот законик

Павле Трајанов

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов денеска до Уставниот суд достави иницијатива со која бара укинување на одредби од Изборниот законик. Тој бара да се укинат изменити на законот со кои, како што вели, им се овозможува системска или монополска положба на четири партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците, при изборни процеси.

Тој вели дека во законот 90 отсто од медиумскиот простор за финансирање припаѓа на овие партии, како и финасиските средства за изборната кампања и рекламниот простор за билборди, паноа и сл.

„Само како пример, од девет минути дополнително време за медиумско претставување, осум припаѓаат на четирите партии, а само една минута за сите други партии и независни листи. Со овие одредби четирите партии си обезбедуват огромна предност за преставување на своите програми и кандидати за пратеници, градоначалници. советници или претседател на државата, рече Трајанов на прес-конференцијата пред Уставниот суд.

Со овие одредби, како што посочи, се крши уставното начело за еднаквост на партиите при настап на изборите. Трајанов очекува Уставниот суд да ги укине оспорените одредби, со што сите партии и независни листи и кандидати ќе имаат еднакви шанси за победа на изборите.