Стјуарт Пич најави посета на С. Македонија

Британскиот специјален претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич

Британскиот специјален претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич најави дека наскоро ќе ја посети Северна Македонија, соопшти кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Ова, како што се наведува во соопштението, го изјавил Пич во телефонски разговор со Пендаровски, кој му го честитал назначувањето за специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Британскиот премиер именуваше специјален пратеник за Западен Балкан

Претседателот на Северна Македонија оцени дека со назначувањето на Пич за специјален претставник за Западен Балкан, британскиот премиер Борис Џонсон јасно ја потврдил посветеноста на Британија за одржување на стабилноста и просперитетот на овој регион.

Британија ги засилува напорите за поддршка на регионот

„Во разговорот беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот“, се наведува во соопштението на Кабинетот на Пендаровски за разговорот со Пич.