Казахстанската полиција накратко приведе новинар на РСЕ

Касим Аманжол

Казахстанската полиција накратко и без објаснување, го приведе Касим Аманжол, вршителот на должноста шеф на бирото на Радио Слободна Европа (РСЕ) во Алмати.

Новинар од сервисот, локално познат како Радио Азатик, го следеше митингот за време на третиот ден од протестите во оваа централноазиска земја поради наглиот пораст на цените на енергијата.

Аманжол снимал митинг во областа на пазарот Жетису во југоисточниот дел на градот кога полицајците насилно го внеле во автомобил и го однеле во полициска станица. Тој беше ослободен набргу потоа без никакво објаснување.

Во западниот казахстански регион Мангистау пред три дена избувнаа протести поради ненадејното и драматично зголемување на цената на течниот природен гас што се користи во возилата, а оттогаш протестите се проширија во градовите и населбите ширум целата земја.