Во Хрватска прв случај на заразен и со грип и со корона

илустрација

Првиот случај на „флурона“ е потврден во Хрватска, откако едно лице во исто време било заразено и со ковид 19 и со грип.

Случајот е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, а денеска го потврди раководителот на Одделот за клиничка микробиологија на НЗЈЗ Јасмина Вранеш за Хрватската радио и телевизија (ХТВ).

Таа рече и дека на 3 јануари во таа институција биле откриени околу 50 отсто позитивни на ковид 19, што е многу во споредба со пред една недела кога имало 30 отсто позитивни примероци. Вранеш истакнува дека ретко кој од ковид 19 се разболува три пати, но дека има и такви кои два пати заболеле од оваа болест, иако биле вакцинирани.

Од Институтот велат дека се следи состојбата со омикронот кој многу полесно се шири, а инкубацијата е многу пократка и трае од пет до седум дена.

„Засега го детектираме кај луѓе кои имаат епидемиолошка историја. Значи, ако биле во контакт со луѓе од земји каде што доминира, ако патувале, тогаш во таква група веќе имаме 20-30 проценти позитивни за оваа варијанта“, изјави Вранеш.