Почина поранешниот министер и пратеник Марјан Додовски

Марјан Додовски

Поради компликации од коронавирусот денеска почина Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година. Веста ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска на нејзиниот Фејсбук профил.

„Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!“, напиша таа.

Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје. Тој беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.