Лошото време и ковид-19 откажаа 2700 летови во САД

САД и понатаму се соочуваат со прекин на воздушниот сообраќај, делумно поради пандемијата на ковид-19, а делумно поради лошото време кое зафати делови од земјата.

Над 2700 летови беа откажани вчера, покажуваат податоците на интернет страницата FlightAware.

Авиокомпаниите ширум светот се соочуваат со проблеми со персоналот поради карантините во врска со новите инфекции на коронавирус.
Истовремено, временските услови во САД предизвикуваат проблеми во авиосообраќајот зашто централниот дел од САД е прекриен со обилни врнежи од снег.

Најлошо е погодена американската авиокомпанија СкајВест, која вчера мораше да откаже 23 отсто од редовните летови.

Од 24 декември во САД се откажани над 12 илјади летови.

За денеска, кога многумина се враќаат од новогодишните и божиќните празници, се очекуваат нови пореметувања, со оглед на прогнозите за снег и силен ветер.

Според наводите на FlightAwarea, веќе се откажани 1500 летови во САД.