Сараево е рангиран меѓу четирите најзагадени градови во светот, според денешните податоците на интернет страницата IQ AirVisual. Индексот на загаденоста на воздухот во Сараево денеска изнесува 198.
Прв на листата на најзагадени градови е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, потоа Лахоре во Пакистан каде индексот на загаденост е 287, а трета е Дака во Бангладеш со индекс 208.
Во Сараево индексот на загаденост изнесува 198 и е зголемен во однос на вчерашните податоци кога изнесуваше 158.
Според овие податоци, главниот град на Босна и Херцеговина е во „црвената зона“, што значи дека воздухот е оценет како нездрав (индекс на квалитет 151-200).
Согласно тоа, Заводот за јавно здравство нагласува дека во вакви ситуации се препорачува за сите категории на население да престанат со напрегања и рекреативни активности, особено наутро и навечер, кога загадувачите подолго се задржуваат во атмосферата.
Доколку луѓето планираат да излезат надвор, се препорачува да се носи маска за лице со заштитни респираторни филтри.