Зеленски - Руската војска не нè плаши

Ниту една војска од другата страна на границата не нè плаши, рече во својата новогодишна порака украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во пораката емитувана доцна на 31 декември, рече дека Украина не се плаши оти ја штити голема војска.

Неговите забелешки доаѓаат во време на високи тензии меѓу Москва и Западот околу распоредувањето на голем број на војници на границата меѓу Русија и Украина.

Властите во Киев изразија загриженост дека Русија би можела да ја нападне Украина во следните недели.

Зеленски рече дека главна цел му е да заврши војната меѓу украинските сили и сепаратистичките формации поддржани од Русија во делови од источна Украина.

Украинскиот претседател изрази уверување дека Крим „еден ден“ ќе биде вратен под контрола на Киев.