Џафери - Со зголеменото парламентарно мнозинство полесно до кворум

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери од мандатарот за состав на влада Димитар Ковачевски очекува коректна комуникација како од времето кога беше заменик министер, но сега, вели, во рамки на надлежностите како претседател на Влада.

„Јас мислам дека нема да има проблем во таа комуникација, ниту од негова, ниту од моја страна, затоа што нема причина тоа да не биде така“, вели Џафери во интервју за МИА.

Во однос на тоа дали зголеменото парламентарно мнозинство ќе придонесе за поголема ефикасност на Парламентот, Џафери нагласува дека Собранието е сочинето од 120 пратеници, без оглед дали се мнозинство или опозиција, и одговорноста е на сите, но додава, ќе биде полесно да се организира работата на Парламентот од аспект на обезбедување кворум.

„Секако ова мнозинство сега со 64 пратеници наспроти претходното, во секој случај дава можност да се има простор евентуално, ако некој од пратениците не е во состојба да присуствува во Собранието во момент на одлучување, да се има простор за планирање на работите“, вели Џафери.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека наскоро во пленарната сала сè ќе биде дигитализирано и пратениците ќе ги добиваат материјалите во електронска форма. Што се однесува до Собранискиот канал, тој вели дека два пати имале јавен повик за јавна набавка за опремување на студиото, но или немало соодветни понуди по однос на цената, или техничките спецификации не биле соодветни