Израел купува американски авиони за 3 милијарди долари

Илустрација: Израелски воен авион

Израел потпиша договор со САД за купување воени авиони во вредност од околу 3,1 милијарди долари, објави денеска израелското Министерството за одбрана.

Договорот е случен на 30 декември. Израел купува од САД 12 хеликоптери Цх-53К и два авиони Боинг КЦ-46 за полнење гориво, а можна е опцијата за купување на уште шест хеликоптери.

Хеликоптерите треба да почнат да се испорачуваат во 2026 година, додека авионите за полнење гориво се очекуваат во 2025 година.

Израелскиот генерал Шимон Ценципер за израелското армиско радио изјави дека земјата се надева дека ќе ја продолжи испораката на КЦ-46 и на крајот ќе набави четири од нив.

Медиумите во Израел шпекулираат дека авионите за полнење гориво би можеле да бидат клучни за извршување мисии со долг дострел против нуклеарните локации во Иран. Израел во минатото се закануваше со воени напади врз такви цели доколку Иран развие нуклеарно оружје.

Иран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирнодопски услови.