Одлука на РКЕ за тоа колку ќе поскапи парното

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), по вчерашното разгледување на барањето на БЕГ, денеска се очекува да соопшти колку ќе поскапи парното. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената. Тоа, смета Бислимовски, не е опција, зашто корисниците на парно ќе се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија. Бислимовски изјави дека ако е потребно локалната самоуправа треба да обезбеди и субвенции за потрошувачите за да се избегнат ценовните шокови.

Секое четврто семејство зимоска грее само едно сопче

„Повикувам на солидарност на сите чинители. Набавната цена на природниот гас во делот каде купува БЕГ по цена на берзи е околу 1480 долари за метар кубен. Ова е набавка за јануари и е за речиси шест пати повисоко од просекот во 2021 година кога изнесуваше 240 долари за метар кубен“, изјави тој наведувајќи дека драстично поскапување на парното не е решение зашто голем број потрошувачи ќе се исклучат од системот и ќе почнат да користат електрична енергија за греење.

Струјата ќе поскапи за 9,48 проценти

Вчера РКЕ соопшти дека струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапува за 9,48 отсто и оти дневната евтина тарифа ќе се укине од почетокот на следната година (од 14 до 16 часот), но дека евтината тарифа ќе остане во текот на ноќта и во недела цел ден.