Поранешниот претседател на Авганистан - немав друг избор освен да побегнам

Архива - Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани.

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани повторно го бранеше своето ненадејно заминување од Кабул во август, велејќи дека немал друг избор освен да ја напушти земјата бидејќи талибанските милитанти го заземале главниот град по договорот со администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој го отворил патот за нивно враќање.

Говорејќи во интервју за Би-Би-Си емитувано на 30 декември, Гани рече дека побегнал од Авганистан на 15 август за да избегне крвопролевање и уништување на Кабул додека ривалските фракции на милитантите го напаѓаат градот, тврдење кое не е поткрепено со никакви докази.

Тој, исто така, ги негираше тврдењата на друг поранешен авганистански лидер, Хамид Карзаи, дека бил склучен договор за мирен трансфер на власта и рече дека се лажни гласините дека тој ја напуштил земјата со украдени милиони долари.

Гани на крајот одлета во Обединетите Арапски Емирати (ОА), каде што доби политички азил.

Поранешниот претседател рече дека падот на владата бил забрзан од договорот што Трамп го направил со талибанските лидери.

„Наместо мировен процес, добивме процес на повлекување“, рече Гани.