396 позитивни на коронавирус, 14 починати во последните 24 часа

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 396 нови случаи на коронавирус, а 14 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително пријавени се уште 4 починати лица во Регистарот од Мој Термин во период од 17 до 25 декември.

Направени се 4.858 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 196, Битола 31, Охрид 16, Прилеп 23, Гевгелија 17...

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 4.971.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројката на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935.