Илјадници Суданци на протест против воениот удар

Архивска фотографија: Протести против воениот удар во Судан во ноември 2021

Илјадници Суданци излегоа на улиците на Картум и во други градови во земјата за да протестираат против воениот удар од октомври, барајќи од војниците „да се вратат во касарните“ и бараат транзиција кон цивилна власт.

Маршевите започнаа на различни локации во Картум, од каде демонстрантите се упатија кон претседателската палата.
Протестите се одржуваат во услови на засилени безбедносни мерки, а интернетот е во прекин.

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Волкер Пертес, ги повика безбедносните сили да ги „заштитат“ планираните протести и да се воздржат од апсење луѓе затоа што едноставно сакале да учествуваат на протестот.

„Слободата на изразување е човеково право. Тоа вклучува и целосен пристап до интернет. Никој не треба да биде уапсен за неговата или нејзината намера мирно да протестира“, напиша тој на Твитер.

Минатиот викенд безбедносните сили насилно ги растераа демонстрантите кои се обидоа да организираат протест во близина на претседателската палата.

Илјадници луѓе беа убиени во задушувањето на протестите откако војската ја презеде власта.