333 позитивни на коронавирус, 11 починати

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, а 6 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, пријавени се уште 5 починати лица во Регистарот од Мој Термин во период од 22 ноември до 20 декември.

Направени се 3.511 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 181, Битола и Прилеп по 25, Охрид 14, Куманово и Струмица по 8, Кавадарци 7...

Регистрирани сe 311 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 5.185.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројката на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879.