Јапонската влада усвои рекордно висок буџет за одбрана

Ракети земја-воздух Patriot Advanced Capability-3 (PAC-3) на јапонските сили распоредени во Министерството за одбрана на Токио.

Јапонската влада усвои рекордно висок буџет за одбрана во фискалната 2022 година, во време кога Токио ги зајакнува своите одбранбени капацитети како одговор на растечката воена моќ на Кина и тензиите меѓу Пекинг и Тајван.

Како што јавува АП, на 24 декември владата усвои буџет за одбрана во вредност од 5.400 милијарди јени, што е околу 41,5 милијарди евра.

Буџетот вклучува финансирање на истражување и развој на нов борбен авион и друго оружје што го менува балансот на силите.

Зголемувањето на буџетот од 1,1 отсто за фискалната година што започнува во април е десетто последователно зголемување на јапонските трошоци за одбрана.

Тоа е во согласност со ветувањето на Токио до Вашингтон дека ќе ги зајакне своите одбранбени способности со цел да одговори на сè попредизвикувачките безбедносни прашања во регионот.

Јапонија е меѓу десетте земји кои трошат најмногу пари за одбрана.