Русија го казни Гугл за небришење на „нелегални“ содржини

Судот во Москва денеска ја казни компанијата Гугл Алфабет со 7,2 милијарди рубљи (98 милиони американски долари) поради, како што наведе во пресудата, повеќекратно небришење на содржината што Русија ја смета за нелегална, што е прва казна за ваков случај во таа земја.

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини платформи за социјални мрежи и другите технолошки гиганти дека ги прекршуваат законите за Интернет во земјата, вклучително и тоа да бидат принудени да отворат канцеларии во Русија и да собираат лични податоци на Русите на територија на државата.

Многу критичари сметаат дека овој потег е обид на руските власти да вопсостават построга контрола врз Интернет и да го задушат несогласувањето. Компаниите за социјални мрежи веќе се казнети со стотици милиони рубли за прекршување на содржината.